Ракомет

Раул Алонсо повеќе не е тренер на Еурофарм Пелистер

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер и досегашниот шеф на стручниот штаб Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката.

Од клубот информираат дека до разделбата дошло на барање на шпанскиот стратег, кој поради приватни причини ќе се врати во Германија.

Од Битолскиот клуб му се заблагодарија на Алонсо за неговата работа и му посакаа многу успех во понатамошната кариера.

Алонсо го водеше Еурофарм Пелистер до нова шампионска титула во македонската Суперлига, откако во драматично последно коло го совладаа најголемиот ривал Вардар на гостински терен во Скопје.

Тоа беше и клучниот триумф кој го донесе пехарот во Битола и стави печат на успешната сезона под водство на искусниот шпански тренер.

Клубот во следниот период ќе го објави името на наследникот кој ќе го води тимот во новата сезона во Суперлигата и во настапите во Лигата на шампионите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!