Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Победа од Валандово ги започна подготовките за новата сезона!

Сподели
Сподели

Валандово во новата сезона ќе следи третолигашки фудбал, откако Победа се врати во Третата македонска фудбалска лига – Исток.

Клубот ќе започна подготовките за новата сезона под водство на новиот тренер Кристијан Ристов.

По неколку сезони пауза одново се враќа третолигашкиот фудбал во Валандово, на Градскиот стадион ќе се следат третолигашки натпревар од Истокот, а клубот е екипиран со млади играчи, а ќе има уште неколку засилувања со што Победа максимално подготвена ќе влезе во новата сезона.

Според информациите на Спортска Мрежа клубот ќе одигра и неколку пријателски натпревари, договорен е пријателски натпревар со второлигашите Беласица, а се чека на потврда за пријателски со Кожуф и Детонит Плачковица.

Исто така, според информациите на Спортска Мрежа ќе се разгледува опција и за одигрување на уште неколку пријателски натпревари и со третолигаши од други региони.

Новата сезона во Трета лига – Исток ќе започне на 7 септември, а ќе се натпреваруваат 12 клубови, за што веќе информираше Спортска Мрежа. Покрај Победа Валандово повратник во лигата е и екипата на Рудар од Пробиштип, Вардарски минатата сезона испадна од Втора во Трета лига – Исток, а останатите екипи се Брегалница Делчево, Хоризонт Турново, Овче Поле, Карбинци, Дојранско Езеро, Светлост Зрновци, Малеш, Ударник и Тиверија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!