Трета лигаФудбал

Трета лига – Исток со 12 екипи, Победа Валандово и Рудар од Пробиштип нови третолигаши!

Сподели
Сподели

На денешната седница на Управниот одбор на Третата македонска фудбалска лига – Исток беше донесена одлука седиштето да остане во Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Кочани и во следната сезона.

Дополнително, познати се сите екипи кои ќе се натпреваруваат во Трета лига – Исток, која по подолг период ќе брои повеќе екипи односно 12 или две повеќе од минатата сезона.

Нови третолигаши се Победа од Валандово која по неколку години се враќа во Трета лига – Исток, а по една година пауза се враќа и Рудар од Пробиштип, во Трета лига – Исток по една сезона во Втора лига се врати експресно Вардарски од Богданци, а во Втора лига од Трета лига – Исток влезе Слога Виница.

Тоа значи дека во новата сезона ќе се натпреваруваат Брегалница Делчево, Хоризонт Турново, Овче Поле, Карбинци, Дојранско Езеро, Светлост Зрновци, Малеш, Ударник, Тиверија, Рудар, Победа Валандово и Вардарски.

Според информациите на Спортска Мрежа новата сезона во Трета лига – Исток треба да започне на 7 септември (недела), а системот на натпреварување останува ист, односно двокружен систем (дома – гости).

Како што е познато шампионот ќе игра бараж за можен влез во Втора лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Кавадарци ќе биде домаќин на 26. меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ – три екипи во чест на фудбалските великани

Во сабота на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одржи 26. издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди 2026“, во...

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!