Трета лигаФудбал

14 екипи ќе се натпреваруваат во Трета лига – Југ, нови екипи се Млекар и Тополка!

Сподели
ФОТО: Превалец - Дреново
Сподели

Во новата сезона 2025/2026 во Третата македонска фудбалска лига – Југ ќе се натпреваруваат 14 екипи, ексклузивно дознава Спортска Мрежа.

Овој број на екипи учесници за новата сезона е конечен, а во следната сезона ќе има два нови третолигаши. Се работи за Млекар од Мало Коњари кој доаѓа од ОФС Прилеп и Тополка од велешката населба Превалец од ОФС Велес.

ОФС Кавадарци и ОФС Неготино не предложија клубовите за натпреварувачката 2025/2026 сезона дознава Спортска Мрежа.

Дополнително според нашите информации на состанокот на Трета лига – Југ е донесена одлуката да нема испаѓање од лигата, бидејќи два клуба предвреме се откажаа од натпреварувањето минатата сезона односно Марена и Обршани.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат седум екипи од ОФС Прилеп, а тоа се Питу Гули од Крушево, Младост 1930 од Кривогаштани, Ултрас од Прилеп, Бучин од село Бучин, Слога 1976 од Лажани, Влазними Јуниор од село Пресил и Млекар од Мало Коњари. Од ОФС Велес ќе се натпреваруваат четири екипи, тоа се Борец 1919 од Велес кој испадна од Втората лига, Башкими од село Јаболчиште, Превалец од населба Превалец и Тополка о населба Превалец. Од ОФС Кавадарци се поранешниот второлигаш Росоман од општина Росоман и Дреново 2016 од село Дреново, а од ОФС Неготино е Венец од Долни Дисан.

Новата сезона ќе започне на 7 септември (недела), ќе се игра само во недела, а есенскиот дел треба да заврши на 30 ноември 2025 година.

Ждрепката за распоредот на натпреварите е закажана за 25 август во просториите на ОФС Кавадарци со почеток од 18:30 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!