Втора лигаФудбал

Новиот второлигаш Големо Коњари договори уште четири засилување: Белески, Јовески, Николоски и Станојоски!

Сподели
Сподели

Новиот второлигаш Големо Коњари откако го договори искусниот Зоран Даноски, за што веќе ексклузивно информираше Спортска Мрежа, продолжува со градењето на тимот за новата сезона. Клубот кој минатата сезона беше шампион во Трета лига – Југ договори уште три нови засилувања, се работи за Валентин Белески, Бојан Јовески, Симон Николоски и Филип Станојоски.

Белески има 24 години, низ потекнува од екипата на Победа, а низ својата кариера беше дел и од Питу Гули од Крушево, од каде доаѓа сега во Големо Коњари.

Јовески има 20-годишни, кој доаѓа од редовите на третолигашот Питу Гули, се работи за млад фудбалер во кој има потенцијал, а има настапувано и за Слога од Лажани, прилепски Утралс, а фудбалските почетоци ги прави во Академија Пандев МБ од Македонски Брод.

18-годишниот Станојоски исто така потекнува од Академија Пандев МБ од Македонски Брод, а беше дел од младинските категории на Брера Струмица, настапуваше за прилепска Победа и последно за Слога од Лажани.

Најмладото засилување е Николоски, која има 15 години и девет месеци, се работи за играч кој последно настапуваше за младинските категории на Победа, претходно беше дел од Пандев Талент од Прилеп, а фудбалски потекнува од Академија Пандев МБ од Македонски Брод.

Нов тренер на Големо Коњари е Јовица Блажески, за што веќе објави Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!