Прва лигаФудбал

Шкендија потпиша професионални договори со двајца млади таленти: Армир Иса и Назиф Цека!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Фудбалскиот клуб Шкендија продолжува да инвестира во иднината преку развој на млади играчи од сопствената академија. Денес клубот официјално ги потпиша првите професионални договори со двајца перспективни фудбалери – Армир Иса и Назиф Цека, кои со своите настапи во младинските категории се наметнаа како сериозни потенцијали за сениорскиот тим.

Осумнаесет годишниот Армир Иса е крилен напаѓач кој се истакнува со својата брзина, техника и ефикасност во младинските екипи на клубот. Тој потпиша двегодишен професионален договор, со што го направи првиот значаен чекор кон кариера во првиот тим.

„За мене, остварување на детски сон е да го потпишам мојот прв професионален договор со Шкендија. Ова е само почеток и дополнителна мотивација да продолжам напорно да работам за да ја оправдам довербата и да го достигнам највисокото ниво“, изјави Иса.

Седумнаесет годишниот Цека игра на позицијата централен бек и исто така потпиша двегодишен договор со клубот. Со својата сигурност во одбраната и континуиран напредок, тој го привлече вниманието на стручниот штаб, кој му даде шанса да стане дел од професионалниот состав.

„Потпишувањето на договорот со Шкендија е посебна емоција. Среќен сум и мотивиран да продолжам да работам уште понапорно, гледајќи го ова како голем чекор кон мојот сон да играм во првиот тим“, изјави Цека.

Со овие потписи, Шкендија уште еднаш ја потврдува својата стратегија за создавање силен и конкурентен тим базиран на играчи од сопствената школа и долгорочен развој.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!