Останато

Миа Блажевска Еминова испиша историја со нов национален рекорд на 50 метри пливање делфин на ЕП до 23 години во Словачка!

Сподели
ФОТО: Национална пливачка федерација
Сподели

Македонската пливачка репрезентативка Миа Блажевска Еминова постави нов национален рекорд на Европското првенство до 23 години, кое се одржува во Шаморин, Словачка.

Во дисциплината 50 метри делфин, Блажевска Еминова оствари време од 28.42 секунди, со што го собори претходниот македонски рекорд кој исто така ѝ припаѓаше нејзе – 28.56 секунди.

Овој резултат е уште една потврда за континуираниот напредок на талентираната пливачка, која веќе има низа успешни настапи на меѓународната сцена и постојано го поместува стандардот на македонското пливање.

Покрај дисциплината 50 метри делфин, Миа настапи и во трките на 50 метри грбно и 100 метри слободно.

Македонската пливачка репрезентација на ова првенство е предводена од тренерите Горан Стаменов, Мартин Стефановски и Илија Стојановски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!