Турнири

Доминација на радовишани: Фраит Оне е во страшна форма, висока победа за Фурна Марфи на „Благој Истатов 2025“

Сподели
Сподели

Турнирот во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ продолжува со возбудлива динамика, а вечерва три убедливи победи во рамки на групната фаза, за тотална доминација на радовишани.

Екипата на Фурна Марфи буквално го „распадна“ составот на Радио Имплус, кој беше инфериорен противник на теренот, да може во било каква акција да го спречи налетот на противникот од Радовиш.

Во вториот и третио меч доминираше Фраит Оне, уште една екипа од Радовиш, која запиша две големи победи. Во првиот меч Фраит Оне со „петарда“ брзо го реши Фенербахче, кој немаше сили и капацитет за пресилниот противник, а резултатот беше 5:1.

Веднаш потоа Фраит Оне одигра уште еден натпревар, каде одново радовишани беа доминантни за уште еден голема победа од 4:2 над екипата на Лени Плус.

Во младинскиот дел од турнирот, тимот на Пица Делиција продолжи со импресивна форма, победувајќи ја екипата на Феникс со високи 0:8. Тимот ја покажува својата надмоќ во оваа категорија и важи за фаворит во борбата за трофејот кај помладите генерации.

Турнирот продолжува со нови мечеви, а атмосферата во Чифлик маало во Струмица станува сè пожешка како што се ближи крајот на групната фаза.

Следете ги сите резултати, табели, видео и извештаи ексклузивно на Спортска Мрежа, медиумски покровител на „Благој Истатов 2025“.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!