Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Костиќ: Репрезентацијата има светла иднина, сплотени и посветени, затоа што имаме јасно поставени цели за ова лето

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Третиот настап во ЦЕВ Европската Златна лига 2025 машкиот национален тим на Македонија го финишираше на деветтото место со две победи во шест одиграни натпревари, и со ист скор како и Словачки и Португалија кои се на двете позиции пред нас. Тоа е најдобар резултат на Македонија во ова натпреварување, откако претходно завршувавме на 11, односно лани на 10. позиција.

Репрезентацијата со подмладен лик влезе во оваа акција, каде акцентот беше и опстанок во „златното“ друштво кое го обезбедивме, но и подготовка на тимот за она главното летово – квалификациските дуели со Грција и Грузија во август за пласман на Европското првенство 2026, кое за Македонија би било четврто во низа.

Победничкиот финиш против Црна Гора во неделата во Струмица носи големо задоволство во екипата, која сега ќе одмора до средината на јули. Деталните анализи допрва ќе следат, а првите впечатоци се позитивни.

„Успешно ја затвораме првата акција за ова лето. Држиме темпо во Златната лига, две победи против Црна Гора и Летонија во шест натпревари во кои ако се погледнат учесниците на Ф4 во Брно, единствено со домаќинот Чешка не се соочивме оваа година. Финска, Израел и Грција кои ќе се борат за медали беа дел од ривалите со кои ги меревме силите и од кои загубивме. Со оглед на тоа дека имаме и една подмладена репрезентација можам да кажам дека сум среќен и задоволен од она што го одработивме и покажавме во изминативе 40 дена. Во Струмица со стручниот штаб и екипата имавме еден константно висок ритам на работа, сплотени и посветени, затоа што имаме јасно поставени цели за ова лето. Златната лига беше добар показател дека имаме млади играчи кои се светла иднина на репрезентацијата и дека поискусните ќе имаат на кого да го остават она што е направено и постигнато претходно. Секако, ова не е максимумот на репрезентацијата. За оваа акција не бевме комплетни и тоа секако дека играше улога. На собирот во јули се надевам дека ќе дојдеме сите здрави и одморени, а потоа уште поподготвени ќе влеземе во квалификациите и ќе избориме две победи со кои ќе го потврдиме пласманот на четвртото Европско првенство во низа“ – вели репрезентативецот Лука Костиќ.

Одбојкарите вчера се одјавија во Струмица и сега имаат летна пауза до 20 јули, за кога селекторот Јошко Миленкоски во Маврово ја закажа првата прозивка во пресрет на евро-квалификациите.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бењамин Ќерими го доби соочувањето меѓу Скопје и Истатов, Блаже Петковски главен во Струмица

Денес ќе биде отворено шестото коло во Првата женска фудбалска лига со натпреварот во Пржино. Познати се и судиите кои ќе ја делат...

Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига. Колото се отвара со шест мечеви...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Владо Милев ја заврши својата кариера и заминува во пензија!

Најискусниот играч во македонската машка одбојкарска репрезентација, 39-годишниот Владо Милев, вчера го...

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев и Незири со победа во двојки, Јанев утре против третиот носител

Македонските тенисери Кристијан Јанев и Ерион Незири со победа го започнаа настапот...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство!

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со нов партнер – „Ладна Вода“ станува поддршка на македонските репрезентации

Фудбалската федерација на Македонија и „Ладна Вода“ потпишаа договор за соработка, со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!