Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Борјан Георгиевски ќе биде тим-менаџер на сениорскиот национален тим

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Борјан Георгиевски е новиот тим-менаџер на сениорската репрезентација на Македонија. Раководниот тим на Македонската кошаркарска федерација, и селекторот Марјан Илиевски одлучија, Георгиевски да биде дел од стручниот штаб на нашата најдобра селекција во наредниот период.

„Благодарност до раководниот тим на федерацијата, и до селекторот Марјан Илиевски за укажаната доверба и внимание во желбите да се формира уште посилен стручен штаб во сениорскиот национален тим“- вели Георгиевски.

Поранешниот младински репрезентативец ќе го засили стручниот штаб на сениорите.

„Пред нас e период со доста предизвици, лето исполнето со доста обврски, особено оној сегмент кој со себе го носат натпреварите во претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2027 година. Јасно е дека ни претстои сериозна работа, и се надевам дека во деновите кои следуваат ќе формираме тим за респект. Нема да биде лесно, но нашата работа, освен максимални услови за функционирање, ќе биде да им дадеме максимална поддршка на репрезентативците, се со цел да ја вратиме кошарката онаму каде што и е местото“ – дополнува новиот тим-менаџер на нашата машка сениорска репрезентација.

Своите први обврски на менаџерската позиција, Георгиевски ќе ги има со почетокот на подготовките на сениорската репрезентација на Македонија, која во текот на август ќе учествува во втората фаза од претквалификациите за пласман на Мундобаскетот во 2027 година.

Во овој августовски ФИБА „прозорец“, Македонија ќе се натпреварува со репрезентациите на Романија и на Унгарија за едно од првите две места во рамките од „Б“ групата од претквалификациите за Светскиот шампионат.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со нов чекор: формирани У-13 и У-15 селекции, Миркуловски и Матлиески ќе бидат селектори

Ракометната федерација на Македонија продолжува со развојот на младинските категории, откако на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот турнир во Холандија

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Димитар Капинковски, го...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пораз од Хрватска ги заврши квалификациите за ЕП 2027

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Хрватска (53:91) го...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Емотивно збогување: Македонија им се заблагодари на Митрашиновиќ и Трајчевска

Кошаркарската федерација на Македонија на достоинствен и емотивен начин им оддаде почит...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!