Трета лигаФудбал

БВК Коњаре и Академија Илинден до три бода, Беса Влазрими слави во дуелот со Башкими Љуботен

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Третата рунда од Трета лига – Север беше отворена со три натпревари каде БВК Коњаре со 2:1 славеше над новиот третолигаш Пчиња на домашен терен.

Гостинскиот тим преку Бобан Стојановски во 34. минута дојде до почетна предност од 0:1, резултат кој гласеше и на полувреме. Во вториот дел Нермин Бишевац во 50. минута постигна гол за 1:1, а само две минути подоцна Фати Јусуфи стрелаше за конечни 2:1 за триумф на БВК Коњаре преку пресврт.

Академија Илинден со голот на Јусуф Јакуповски во 72. минута дојде до минимална победа над Риниа.

Беса Влазрими со 3:1 на домашен терен славеше над екипата на Башкими ЉУботен во ме каде на полувреме резултатот беше 1:0 за домашниот тим со голот на Фетаи.

Во вториот дел Шабани погоди за 2:0 во 47. минута, а веќе во 57. минута Сулимани стралеше за 3:0. Две минути подоцна Чупи намали на конечни 3:1.

Колото ќе се комплетира утре со останатите натпревари. Ржаничино против Фортуна, Њу Старс со Еуромилк ГЛ, Аеродром со Кадино и Шкендија Арачиново против Куманово во дербито на колото.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!