Останато

Обрад Марковски финалист во двојки на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонскиот тенисер Обрад Марковски, во тандем со српскиот Никола Јовиќ, стигна до финалето на ИТФ М15 турнирот во Куршумлијска Бања, но не успеа да ја освои титулата. Во финалето беа поразени од третите носители – Николас Бруно од Чиле и Латуро Аугустин Фалабеа од Аргентина со 2-0 во сетови (7:6(5), 6:3).

Иако не успеаја да стигнат до крајната цел, за Марковски ова е многу значаен настап, имајќи предвид дека токму на овој турнир минатата година ја освои титулата. Повторното финале е показател за неговата стабилност и квалитет во играта на двојки.

Марковски и Јовиќ одиграа одличен турнир. Во првото коло ги совладаа Германецот Винсент Јохан Страуч и Јужноафриканецот Николас Ван Акен со 6:2, 6:2. Во четвртфиналето беа блиску до уште една сигурна победа – го добија првиот сет со 6:1, а во вториот водеа со 5:4 против Виктор Марков (Бугарија) и Амадор Салазар (Чиле), кога противниците се откажаа.

Во полуфиналето доминираа над чилеанската двојка Алехандро Банкалури и Бенџамин Игнасио Торес Фернандес, победувајќи со убедливи 6:1, 6:1.

Со овој настап, Марковски уште еднаш покажа дека има потенцијал за повисоки цели и дека заслужено е меѓу најдобрите македонски тенисери на меѓународната сцена.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Поврзани написи
Останато

Струмица на улица – Sunday run на 1 ноември: Над 250 тркачи веќе се пријавени!

Струмица повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија....

Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Лисабон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско...

Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!