Прва лигаФудбал

ФК Вардар го гради тимот за новата сезона, Ибрахим Олаосебикан е ново име во тимот!

Сподели
ФОТО: ФК Вардар
Сподели

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, активно го оформува тимот за претстојната сезона и веќе ги договори првите нови засилувања. Станува збор за двајца странски фудбалери, од кои едниот доаѓа од домашната Прва лига, додека другиот пристигнува од Франција.

Првото засилување за новата сезона е Нигериецот Ибрахим Олаосебикан, кој минатата сезона беше дел од екипата на Брера Струмица. Станува збор за 25-годишен офанзивен играч кој се истакна со својата разновидност во средниот ред. Во текот на сезоната 2024/25, тој одигра вкупно 28 натпревари во Првата македонска фудбалска лига, на кои постигна 2 погодоци и оствари 4 асистенции.

Пред да пристигне во Македонија, тој играше за два реномирани литвански клубови – Судува и Хегелман, а својата професионална кариера ја започна во родната Нигерија, настапувајќи за тимот Реал Сафир.

Покрај него, Вардар договори и ново засилување од Франција. Станува збор за фудбалер кој бил дел од младинските категории и сениорскиот тим на францускиот прволигаш Мец, клуб со богата историја и традиција. Иако неговото име засега не е објавено, од клубот најавуваат дека официјалната промоција ќе се случи во текот на наредните денови.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а...

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!