Втора лигаФудбал

Стојан Попоски ново засилување за амбициозниот ГФК Охрид Лихнидос

Сподели
Сподели

ГФК Охрид Лихнидос продолжува со агресивна стратегија на трансфер пазарот во пресрет на сезоната 2025/26, откако денес беше промовиран уште еден нов фудбалер – Стојан Попоски.

24-годишниот бек и крилен играч доаѓа од редовите на Брегалница Штип, клуб во ја мина последната сезона. Во својата кариера Попоски настапувал и за екипите на Скопје, Борец и Кадино, стекнувајќи драгоцено искуство во македонските лиги. Тој е познат по својата борбеност и фудбалска интелигенција, а неговата флексибилност на десната страна од теренот ќе биде големо засилување за Охриѓани.

Интересен е и фактот дека Стојан Попоски е брат на претходно промовираниот Димитриј Попоски, кој исто така дојде од Брегалница. Со нив, како и со доаѓањето на искусниот голман Дамјан Серафимовhttps://sportskamreza.mk/11995/

(исто така од Брегалница) и голгетерот Андреј Симевски од Каменица Саса, Охрид значително го зајакнува својот ростер.

Клубот од Охрид, предводен од јасна цел – влез во Прва лига – е засега најактивниот тим на трансфер пазарот во Втората лига. Управата не крие дека амбициите се повисоки од кога било, а засилувањата се само доказ за сериозноста на проектот.

Со вакви чекори, Охрид Лихнидос не само што гради конкурентен тим, туку и испраќа јасна порака – тимот е подготвен за битка за елитниот фудбалски ранг во Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!