Прва лигаФудбал

Бледи Шкемби е нов тренер на Струга Трим Лум!

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Струга Трим Лум официјално го назначи Бледи Шкемби за нов шеф на стручниот штаб, кој на оваа позиција го наследува Илчо Ѓорѓиоски.

По богата играчка кариера и значително искуство како тренер, Шкемби доби доверба од клубот да го води првиот тим во новата сезона. Тој е еден од најпознатите имиња во албанскиот фудбал, а во своето досегашно тренерско портфолио ги има два ангажмани на клупата на елитниот албански клуб Тирана.

По разделбата со „бело-сините“ од албанската престолнина, Шкемби се приклучува на Струга ТЛ со јасна визија – да изгради стабилен и конкурентен тим кој ќе игра значајна улога во македонскиот фудбал во следните години. Договорот е потпишан на две години, со можност за продолжување на уште една сезона.

Во стручниот штаб на Шкемби ќе се приклучи и Сабиен Лилај, уште едно име во албанскиот фудбал и поранешен фудбалер на славниот Скендербег. Лилај ќе ја извршува функцијата на прв помошник.

Останатиот дел од тренерскиот тим останува речиси непроменет – Меритон Гега и Дејан Лескароски ќе продолжат со своите улоги како помошници, Стефан Мечкаровски ќе биде задолжен за физичката подготовка, додека Дардан Мифтари останува тренер на голманите.

Бледи Шкемби остави длабока трага како играч на Скендербег, каде што беше дел од златната генерација која освои шест шампионски титули и се истакна и на европската сцена, со настапи и победи во групната фаза од Лигата на Европа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој Тримо Требње и Војводина стигнаа до значајни победи. Словенечкиот состав Тримо...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!