Останато

Македонската клупска одбојка во европска офанзива: Пет клуба ќе се натпреваруваат во ЦЕВ куповите!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Одбојкарската сезона 2025/26 носи историски момент за македонскиот клупски спорт. Дури пет македонски клуба ќе се појават на европската сцена, со што одбојката во земјава бележи сериозен исчекор во своето развојно патување.

Шампионот кај мажите, Струмица 47&72, заедно со освојувачот на националниот Куп, Штип УГД, ќе ја претставуваат машката конкуренција. Во женска категорија, трите најуспешни екипи – Јанта Волеј КВ (шампион), Наковски Волеј (освојувач на Купот) и Работнички Скопје (финалист во плејофот) се веќе пријавени за учество во европските клупски натпреварувања под покровителство на ЦЕВ.

Особено е значајно што три клуба – Штип УГД, Јанта Волеј КВ и Наковски Волеј – дебитираат во ЦЕВ куповите, што само го потврдува растот и амбициите на македонската одбојка.

Струмица 47&72 и Јанта Волеј КВ, како актуелни шампиони, ќе се борат во ЦЕВ Лигата на шампионите, најпрестижното клупско натпреварување. Во Челинџ купот, ќе се натпреваруваат Штип УГД и Наковски Волеј, додека Работнички Скопје аплицираше за вајлд-карта и очекува одобрение за учество во третото по ранг ЦЕВ натпреварување.

Ждрепката за сите три европски купа ќе се одржи на 15 јули во Луксембург, каде клубовите ќе ги дознаат своите први европски ривали.

Овој потег претставува огромна можност не само за натпреварувачки предизвик, туку и за поголема промоција на македонската одбојка надвор од границите, нови искуства и силен поттик за младите генерации кои сонуваат за големи сцени.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Каменица Саса, а главната цел на двете страни во новата сезона...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со Мароко,...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!