Останато

Љафтов: Најдобра одбојка треба да покажеме во Струмица, атмосферата во екипата е одлична!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Последниот турнир од годинешното издание во ЦЕВ Европската Златна лига машкиот национален тим го игра на домашен терен викендов, од 20 до 22 јуни, кога во СС „Парк“ во Струмица ќе ги пречека селекциите на Израел и Црна Гора.

По четири одиграни натпревари Македонија има скор од една победа и три порази, но и одбојкарите и стручниот штаб потенцираат дека од натпревар во натпревар екипата расте и играат се подобро, па така и се очекува во најдобро светло да се покажат пред домашната публика.

„Лично сметам дека на турнирот во Струмица ќе покажеме најдобра одбојка. Играњето пред домашна публика секогаш носи посебен мотив и инспирација, а и веќе имаме четири официјални и два пријателски натпревари зад нас во овој циклус и од натпревар во натпревар растеме во формата. Репрезентацијата се подмладува, селекторот дава шанса и на играчи кои претходно имале помала минутажа и за нас е најважно дека целиот тој процес оди добро. Анализата на досегашните натпревари вели дека со Словачка можевме да одиграме подобро, додека Финска е еден од фаворитите за пласман на Ф4. Минатиот викенд имавме добар турнир, со победа во пет сета над Латвија, тежок, исцрпувачки меч и потоа Грција која исто така за мене е еден од претендентите за финалниот турнир“, вели еден од предводниците на репрезентацијата, Александар Љафтов.

Македонија викендов игра против уште еден од фаворитите за Ф4, Израел, кој е без пораз, како и добро познатиот ривал Црна Гора, која пак, не успеаја да се израдува во досегашниот тек од натпреварувањето.

„Посакувам две победи на последниот турнир во Струмица. Ќе имаме проблеми со Израел. Тие немаат пораз досега и се борат за место на Ф4. Ние играме пред празни трибини и ќе биде тешко, минус е за нас отсуството на публиката. Што се однесува до Црна Гора, оптимист сум и размислувам позитивно и убаво би било победнички да се одјавиме од годинешното натпреварување. Најважно е дека атмосферата во екипата е одлична и верувам дека тоа ќе го пренесеме и на теренот, а моите струмичани ги замолувам во што поголем број да дојдат в недела во салата „Парк“ и да ја поддржат репрезентацијата.“

Распоредот за последниот турнир вели дека Македонија в петок, од 20 часот, го пречекува Израел, но поради воено-политичката ситуација во која се наоѓа оваа земја, а по препорака на МВР натпреварот ќе се игра пред празни трибини. Од истите причини и мечот меѓу Израелците и Црна Гора, в сабота, од 20 часот во салата „Парк“ ќе се игра зад затворени врати. В недела, од 20 часот натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора ќе се игра со присуство на публика и вратите во салата „Парк“ ќе бидат широко отворени.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!