Ракомет

ЕХФ донесе одлука: Алкалоид парично казнет, АЕК суспендиран две години и парична казна!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја донесе конечната одлука по инцидентот на реванш-финалето од ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК Атина. Македонскиот клуб е казнет со 5.000 евра поради необезбедување доволно билети за гостинските навивачи на натпреварот во салата „Борис Трајковски“, што беше причина АЕК да одбие да настапи.

Голем број навивачи на АЕК пристигнаа во Скопје, но откако не им беше дозволен влез во салата, раководството на грчкиот клуб донесе одлука играчите да не го започнат мечот.

ЕХФ го регистрира натпреварот со службен резултат 10:0 за Алкалоид и му ја додели титулата за шампиони во Европскиот куп за сезоната 2024/25.

Најголеми последици сепак трпи АЕК – казнет е со 20.000 евра за неиграње на натпреварот и суспендиран е две години од сите меѓународни натпреварувања кои се под организација на ЕХФ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!