Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Ѓорѓиев после поразот на Македонија од Финска: Блокот ја направи разликата!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Тежок старт имаше машката репрезентација на Македонија на отворањето на ЦЕВ Европската Златна лига 2025, која во три сета загуби од Финска и со тоа ја продолжи негативната серија која ја има со овој противник.

„Мој четврти натпревар против нив и четврти пораз. Дефинитивно Финска е противник кој не ни одговара, бидејќи многу малку греши и игра многу паметно и константно. Нивната игра се базира на блокот, многу се високи и физички се многу посилни од нас и секоја тешка топка останува во терен. Веруваат во својот блок и денеска тоа е елементот во играта кој ја направи најголемата разлика. Четири пати – четири порази, многу ми е тешко, но кога е некој подобар мора спортски да се подаде рака и да се признае тоа“, го анализира денешниот натпревар со Финска, капитенот на репрезентацијата Никола Ѓорѓиев и додава „Ние со главата веќе сме во утрешниот меч со Словачка. Словаците загубија вчера исто така 3:0 од Финска и може да кажеме дека Финците се севкупен победник на овој турнир, а ние утре ќе се бориме, условно кажано, за второто место и за прва победа годинава во Златната лига.“

Македонија и Словачка во поновата историја немаат одиграно официјален натпревар, додека последен пат се соочиле на пријателски меч, во 2021 година на меморијалниот турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“ во Скопје.

„Со Словачка имаме одиграно само еден натпревар во 2021 година и тоа пријателски. Ако сакаме да се радуваме против нив мораме да одиграме подобро, да бидеме полуцидни во решенијата, особено во нападот. Мислам дека имавме добар прием денеска, се надевам дека така ќе биде и утре, а ние ќе мора да понудиме подобри решенија во напад. Се надевам дека со поголема храброст и агресивност и со мислите насочени кон победа ќе успееме да се радуваме. Верувам дека утре е денот за победа“, заклучува капитенот на А тимот.

Дуелот меѓу Македонија и Словачка е закажан за утре, 15 часот, во „Гопас Арена“ во Братислава.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија доколку се пласира на СП 2026 ќе добие 10,5 милиони

Светското првенство во фудбал во 2026 година нема да биде историско само по проширувањето на бројот на учесници, туку и по финансиските придобивки...

Турнири

Вечерва на „Стојаково 2025“: Клик Гевгелија против Илинден 2007, ќе може ли Алупласт Васил Јосифово до триумф?

Вечерашната програма на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ нуди четири натпревари од кои два кај јуниорите, а пак два кај сениорите. Вечерта...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија доколку се пласира на СП 2026 ќе добие 10,5 милиони

Светското првенство во фудбал во 2026 година нема да биде историско само...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Континуирана едукација на тренери носители на УЕФА тренерска лиценца

Центарот за едукација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на 22 и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!