Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пораз против Финска на стартот на Златната лига 

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарската репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во Златната Европска лига, откако загуби од Финска со 0-3, по сетови 20-25, 15-25 и 19-25.

Избраниците на Јошко Миленковски добро го отворија првиот сет и долго време беа рамноправен противник, но Финците направија серија и го добија воведниот период со 25-20. Вториот сет беше целосно во знакот на ривалот, кој го доби со убедливи 25-15.

Македонија многу подобро го започна третиот сет и имаше континуирана предност, но Финска успеа да се врати во игра, главно благодарение на одличниот блок. Поенот на капитенот Ѓорѓев донесе надеж при 14-16, но Финците веднаш одговорија со серија од три поени и ја задржаа предноста до крајот на сетот.

Разликата беше највидлива во елементот на блокот Финска освои 12 поени на тој начин, додека Македонија само 3.

Следниот натпревар за нашите одбојкари е утре од 15:00 часот против селекцијата на Словачка.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

 

 

 

 

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!