РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милевски: Кога Македонија игра како тим, можеме и со најдобрите!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонија ремизираше со Белгија вечерва во Скопје откако одигра 1:1 во третио меч од квалификациите за СП 2026, но можеме да жалиме за овој резултат, бидејќи имавме многу шанси особено двете стативи на 0:0 и практично можевме и да го добиеме мечот.

Селекторот Благој Милевски на прес-конференцијата после мечот со Белгија истака дека кога Македонија игра како тим може и против најдобрите.

„Сакам да им честитам на моите фудбалери, за овој меч, Покажавме уште еднаш дека кога Македонија игра како тим, можеме и со најдобрите. Сакам да им се заблагодарност на сите оние кои беа на стадионот, но да додадам дека овој резултат против Белгија која има играчи кои се меѓу најдобрите нема да ни значи, ако во понеделник против Казахстан не одиграме како што треба и како што сакаме“, рече селекторот Милевски.

Во понеделник во Астана ќе играме со Казахстан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Јашар пред дуелот со „пиратите“: Ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи

Брегалница и Скопје денеска во Штип го затвораат осмото коло од Првата македонска фудбалска лига. Штипјани сезонава на свој терен почнаа со две...

Прва лигаФудбал

Скопје е подготен за вечерашното соочување со Брегалница и се надева на позитивен резултат во Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на Скопје вечерва ќе гостува во Штип и ќе ги одмери силите...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!