РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Реми во Скопје на Македонија и Белгија – пропуштивме многу шанси за победа!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонија ремизираше на арената „Тодор Проески“ со Белгија со откако одгира 1:1 во рамки на третиот меч од квалификациите на Светското првенство 2026, но можеме да жалиме за овој резултат, бидејќи имавме можност и да го добиеме мечот.

Белгија тргна одлично во Скопје и прва се закани кон голот на македонската репрезентација, правеше притисок и како фаворит бараше и брз гол.

Македонија чекаше свои шанси, најзрелата дојде во 27. минута од мечот кога Елмас погоди во стативата по еден маестрален шут, а потоа на одбиената топка налета Алиоски кој веднаш биеше и во тој празен агол од голот, но ја погоди стативата, ова беше најзрелиот момент за Македонија да дојде до водство.

Веднаш потоа следуваше казната и Белгија поведе во Скопје со голот на Де Кујпер, а по асистенција на Ромелу Лукаку.

На стартот од вториот дел селекторот Благоја Милевски се одлучи да менува, Јане Атанасов излезе од игра, а на негово место влезе Агон Елези.

Почетокот на второто полувреме донесе голема шанса за Македонија откако Елмас ја стресе мрежата на Белгија за 1:1, но по прегледот во ВАР собата голот беше поништен поради офсајд, па така Белгија остана на минималната предност од 0:1.

Во 62. минута во шеснаесетникот беше соборен Чурлинов на што реагираа и македонските репрезентативци за досудување на удар од белата точка, но судијата беше дециден дека ситуацијата е чиста.

Голманот Столе Димитриевски беше на вистината на задача и имаше одлични интервенции во текот на целиот меч.

Во половината на вториот дел се играше отворена игра со шанса и на двете страни, а Алиоски во финишот на мечот ја стресе мрежата на Белгија за конечни 1:1 и поделба на бодовите.


Македонија го зашиша второт реми во квалификациите откако претходно триумфураше над Лихтенштајн во гости, а дома одигра 1:1 со Велс.

Следен предизвик за Македонија ќе биде гостувањето во Астана в понеделник против Казахстан.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми и два порази во своето враќање меѓу најдобрите. Тимот предводен од...

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против Скопје во натпреварот со кој беше комплетирано осмото коло во Првата...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!