Турнири

Во тек се пријавувањата за меморијалниот турнир „Крсте Велјанов 2025“ во Неготино

Сподели
Сподели

Во тек се пријавувањата за учество на овогодинешното издание од меморијалниот турнир „Крсте Велјанов 2025“ во Неготино.

Котизацијата за учество по екипа е 4.000 денари, а ќе се игра според футсал правила и во формат 4+1, во Неготино на теренот со вештачка трева.

Пријавувањето на екипа можете да го направите на 075 207 240 кај Бојан.

За првото место е предвидена парична награда од 90.000 денари, за второто место 40.000 денари, за третото место е предвидена парична награда од 20.000 денари, а пак четвртопласираната екипа ќе добие парична награда од 10.000 денари.

Организаторот предвидува и награди за најдобар голман, најдобар стрелец и најдобар играч.

Ждребот е закажан за 10 јуни, а почетокот на турнирот е закажан за дене подоцна односно на 11 јуни (среда)

Спортска Мрежа како и во изминатите години, така и годинава ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Пријателски меч на третолигашите Овче Поле и Борец

Утре ќе биде одигран пријателски меч меѓу Овче Поле и Борец, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Свети Николе со почеток...

Трета лигаФудбал

Спировски: Во недела одиме по историја во Струга, јас ветувам дека Втора лига ќе ја донесам во Могила!

Во рамки на 16. коло од Трета лига – Југозапад, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат вистинско дерби, откако второпласираната Могила...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!