Втора женска фудбалска лигаПрва женска фудбалска лигаФудбал

Бараж за Прва женска лига: Вардар ќе се соочи со Речица во битка за елитата

Сподели
Сподели

Сезоната во женскиот фудбал во Македонија се приближува кон самиот крај. Втората женска лига е веќе завршена, додека во Првата остануваат уште три кола. По нив, ќе следи баражот кој ќе го одлучи последниот патник во Првата лига за сезоната 2024/25.

Спортска Мрежа, како единствен медиум кој континуирано ги следи настаните во женскиот фудбал од почетокот до крајот на сезоната, најавува специјална емисија посветена на престојниот бараж-дуел меѓу Вардар и Речица.

Вардар, амбициозен нов клуб составен од млади и перспективни фудбалерки, по вторпат по ред ќе се обиде да обезбеди историски влез во Првата женска лига. Минатата сезона „црвено-црните“ не успеаја во обидот, откако загубија убедливо со 6:0 од Топ Гол. Сега, тимот на Теодора Димитровска ќе се обиде да ја искористи новата шанса и да се искачи на елитното ниво.

Од другата страна, Речица, стабилен прволигаш со добра инфраструктура и комплетен спортски комплекс, ќе се обиде да го зачува својот прволигашки статус преку бараж. Иако формално нема директно испаѓање од Првата лига оваа сезона – поради повлекувањето на Шкендија од Тетово – тимот од Речица, кој сезоната ќе ја заврши на претпоследното (деветто) место, ќе мора да се избори за опстанок на терен.

Да потсетиме, шампион во Втората женска лига за оваа сезона е екипата на Кочани, која со тоа обезбеди директен пласман во Првата лига.


Вардар оваа сезона повторно го заврши првенството на второто место, конкурирајќи до последното коло за првото место. Тимот покажува јасна стратегија и визија за развој на женскиот фудбал, што го прави сериозен кандидат за прволигашка конкуренција.

Во наредните денови, следете ја емисијата на Спортска Мрежа, каде ќе бидат презентирани плановите, составите и амбициите на двете екипи. Ќе анализираме на што ќе се потпрат Вардар и Речица, какви тактики се подготвуваат, и кои играчи би можеле да бидат клучни во оваа фудбалска пресметка што носи прволигашка виза.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!