Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Некст Левел и Црвен Крст – Охрид организираа дружење и едукација за прва помош

Сподели
Сподели

Вчера, новоформираниот женски фудбалски клуб Некст Левел во соработка со Црвен Крст – Охрид организираа заедничко дружење и едукација за укажување на прва помош.

Целта на настанот беше едукативна, при што младите фудбалерки имаа можност да научат повеќе за основите на укажување прва помош и за работата на Црвениот крст во Охрид.

Тренерот на ЖФК Некст Левел, Миле Младеновски Илиќ, кој долги години е член на Црвениот крст за спортски организации, за Спортска Мрежа истакна дека неколку девојки од клубот се и волонтерки и најави дека вакви настани ќе се организираат и во иднина. Исто така, тој се заблагодари на тимот на Црвениот крст во Охрид и на претседателот Саша Точков за одличната соработка која ќе продолжи.

Капитенот на ЖФК Некст Левел, Сара Матеска, за Спортска Мрежа нагласи дека ваквите едукативни активности се интересни и поучни, и најави дека ќе се организираат почесто со цел дополнително да се подобри знаењето на фудбалерките.

Како што веќе извести Спортска Мрежа, ЖФК Некст Левел е новоформиран клуб кој веќе се екипира со фудбалерки. Во следниот период ќе бидат промовирани и поискусни фудбалерки, а клубот ќе учествува во новата сезона 2025/2026 во Втората женска фудбалска лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!