КупФудбал

Започна продажбата на билети за големото финале во Купот на Македонија меѓу Вардар и Струга Трим Лум

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Големото финале на Купот на Македонија за сезоната 2024/25 ќе се одигра на 21 мај (среда) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. За престижниот трофеј ќе се борат ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум, во меч кој ветува вистински фудбалски спектакл.

Фудбалската федерација на Македонија информира дека продажбата на билети започнува денеска, исклучиво електронски преку платформата eticket.ffm.mk.

Цените се симболични:

  • 100 денари за јужна и северна трибина

  • 50 денари за западна трибина, која ќе биде наменета за навивачите на ФК Вардар

Од ФФМ апелираат до сите љубители на фудбалот да ги поддржат своите клубови и да бидат дел од овој вистински фудбалски празник.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!