Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Крсте Тодоров постигна епски гол од слободен удар – фудбалерот на Ударник со гол на сезоната во Трета лига – Исток!?

Сподели
Сподели

Последното, 18. коло од Трета лига – Исток можеби донесе и гол на сезоната. На натпреварот одигран во Дојран, меѓу Дојранско Езеро и Ударник од Пирава, беа постигнати вкупно седум гола за триумф на домаќинот од 5:2.

Но, натпреварот го одбележаа двата гола на гостинот, особено ремек-делата на Крсте Тодоров. Со голот од слободен удар, 37-годишниот фудбалер може сериозно да конкурира за најубав погодок во сезоната.

Тодоров од слободен удар постигна епски гол – мајсторски и прецизно ја смести топката во мрежата на Дојранско Езеро, а домашниот голман Александар Ѓониќ не реагираше.

Погодокот беше постигнат во 83. минута, со што Тодоров ги постави конечните 5:2.


Но и првиот негов гол, постигнат во 8. минута за израмнување од 1:1, исто така беше вистинско ремек-дело.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ДВАТА ГОЛА НА КРСТЕ ТОДОРОВ ПРОТИВ ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО:


Крстев е искусен фудбалер со голема и богата кариера, а низ истата има настапувано за Кожуф, Тетекс, Тиверија, Силекс, Хоризонт Турново и Беласица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски проблеми, поради кои е доведено во прашање неговото понатамошно функционирање и...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната играчка кариера направи нов чекор во ракометот и започна ново поглавје...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!