Втора лигаТрета лигаФудбал

ФОТО: Големо Коњари ја совлада Победа со шест гола на пријателски натпревар!

Сподели
Сподели

Шампионот во Трета лига – Југ, екипата на Големо Коњари денес на свој терен одигра пријателски меч со второлигашот Победа, а кој го доби со високи 6:2.

Екипата на Големо Коњари овој викенд ќе го одигра последниот меч од Трета лига – Југ, а потоа ќе се подготвува за баражот за Втора лига. Пријателскиот натпревар со Победа е само контролка пред клучното, а тоа баражот како последна пречка со цел Големо Коњари да се пласира во Втората лига.

Двојни стрелци за екипата на Големо Коњари беа Беким Алимоски и Онур Имероски, а по еден гол постигнаа Ерџан Ибраимоски и Борче Сркески.

Во последното 26. коло на Трета лига – Југ екипата на Големо Коњари ќе гостува кај Дреново, а потоа ќе следува големо славје за шампионската титула.

Веќе се познати сите патници за баражите за Втора лига, тоа се екипите на Големо Коњари (Трета лига – Југ), Тетекс (Трета лига – Запад), Преспа (Трета лига – Југозапад), Шкендија Арачиново (Трета лига – Север), Слога Виница (Трета лига – Исток) и Осогово како второлигаш кој ќе се бори за опстанок.

Екипата на Победа која обезбеди директен опстанок во последното 30. коло ќе игра против Детонит Плачковица во Радовиш.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски проблеми, поради кои е доведено во прашање неговото понатамошно функционирање и...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната играчка кариера направи нов чекор во ракометот и започна ново поглавје...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!