Ракомет

Стружанка не доаѓа во Штип, Астибо службено го добива мечот!

Сподели
Сподели

Натпреварот меѓу Астибо и Стружанка кој требаше да се одигра денес со почеток од 12 часот нема да се одигра, бидејќи екипат на Стружанка испратила официјално известување дека нема да допатува во Штип за да го одигра натпреварот.

Натпреварувачката комисија при Ракометната федерација на Македонија ќе постапи согласно пропозициите за Супер женската ракометна лига за сезона 2024/2025.

Тоа значи дека Астибо овој меч го добива по службен пат и на своето конто додава нови три бодови за вкупно шест, откако во првото коло го доби Скопје на гостински терен, а во второто коло одмараше.

Штипјани ќе причекаат уште долго со цел да го видат Астибо на домашен терен во новата сезона, односно Астибо да го одигра својот прв настап на домашен терен во новата сезона. Во следното коло Астибо ќе гостува кај дебитантот Ѓорче Петров 2, а потоа на домашен терен ќе одигра два меча во низа против Чаир и против Скопје.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!