Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Некст Левел од Охрид е нов клуб кој од следната сезона ќе се натпреварува во Втората женска фудбалска лига, одиграна пријателска со Порече!

Сподели
Сподели

Женскиот фудбал во Македонија од следната сезона добива нов клуб се работи за ЖФК Некст Левел од Охрид, кој е новоформиран клуб, а кој од следната сезона ќе се натпреварува во Втората женска фудбалска лига, а ќе има и една генерација во младинските категории.

Клубот е основан од страна на Миле Младеновски Илиќ и Марино Маркоски, познато е тоа што Маркоски веќе успешно го раководи ФК Некст Левел, кој се натпреварува во Детската лига на ФФМ, а веќе трета година го организира и големиот Меѓународен фудбалски турнир „Некст Левел“, а на кој Спортска Мрежа е медиумски покровител.

ЖФК Некст Левел го одигра и првиот пријателски натпревар против екипата на Порече од Македонски Брод, а заврши со резултат од 5:3, но резултатот беше во втор план, целта беше да се продолжи со негувањето на пријателството кое трае една деценија и соработката на двата клуба и во иднина, а тренер на новиот охридски клуб ќе биде Миле Младеновски Илиќ. Кормиларот на новиот охридскиот клуб во минатото девет години беше дел од ЖФК Билјанини Извори, но реши да промени средина и да започне со нов предизвик во својата тренерска кариера.


Како што истакнуваат за Спортска Мрежа, се работи за клуб кој ветува тимски дух и квалитет со правилна селекција и посветена работа со младите фудбалски таленти.

Тоа значи дека следната година во Втората женска фудбалска лига ќе има охридско градско дерби.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Каква драма во Крива Паланка – Ивановски во последна секунда го „расплака“ Мал Ајакс за голем триумф на Осогово!

Дербито од дното на табелата во Првата футсал лига донесе неверојатна, луда завршница со среќен крај за Осогово – Кристијан Ивановски ги „расплака“...

ИнтернационалциФудбал

Филип Поповски делегат на супер дербито од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид – Манчестер Сити

Фудбалерите на  Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!