ФудбалЧетврта лига

Нова и убедлива победа за Четирце, екипата на Лопати има максимален ефект!

Сподели
ФОТО: Екипата на ФК Четирце
Сподели

Продолжува победничката форма на екипата на Четирце откако со 3:0 на домашен терен го доби тимот на Костурник, во рамки на 9. коло на Општинската фудбалска лига 2 Куманово или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Домашниот тим преку Дамјан Станишковски во 15. минута дојде до предност од 1:0 на полувреме, а во вториот дел Давид Трајановски и Марио Димитровски ги поставија конечните 3:0.

ФОТО: Теренот на ФК Четирце

Екипата на Победа од Тромеѓа преку погодоците на Денковски и Томески дојде до триумф од 0:2 над Македонија Агино.

На висок триумф се радуваше тимот на Куманово Милано од 9:1 над Орашац во меч на тотална доминација на домаќинот. Фејзули беше стрелец на четири гола, Авдии постигна хет-трик, а пак Исмаили беше двоен стрелец. За гостинот единствен стрелец во 77. минута беше Стефановски.

Во однос на табелата на врвот е Победа од Тромеѓа со 20 бодови, а пак екипата на Четирце е втора со 17 бодови, додека пак Македонија Агино е трета со 14 бодови.

Во Општинска фудбалска лига 1 на Куманово во рамки на 12. коло екипата на Козјак од Старо Нагоричане однесе убедлива победа од 1:7 над Клечовце. Стефановиќ беше стрелец на три гола, а пак Лазаревиќ на два гола, а по еден гол постигнаа Симоновиќ и Трајковиќ. За домашниот состав единствен стрелец во 30. минута беше Синани.

Карпош и Јуниор од Доброшане ги поделија бодовите откако одиграа реми со по еден гол (1:1). Гостинот преку Андевски во 30. минута погоди за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Ѓорѓевски постигна гол за 1:1.

Лопати забележа убедлива победа од 1:4 над Речица на гостински терен, каде за гостинот Исени постигна два брзи гола во 5. и 8. минута за 0:2, а до крајот на првиот дел Алили и Реџепи погодија за 0:4.

Конечните 1:4 ги постави Душановски во 81. минута од мечот со што Речица доживеа висок пораз.

Во однос на табелата Лопати е прв со 30 бодови и има десет од десет односно максимален ефект, Јуниор е втор со 23 бодови, а пак Карпош е трет со 16 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!