Кратка анализа на табелата во Втората лига но само на последните пет меча, односно на формата од последните пет одиграни натпревари.
Како што веќе објави Спортска Мрежа екипата на Арсими игра допадлив фудбал и со тоа е во најдобра форма од последните пет меча, па така тимот од Чегране кој го води Вилдан Салиу има 13 од можни 15 бодови или учинок од четири победи и едно реми, откако Арсими ремизираше играјќи 0:0 во Радовиш против Детонит Плачковица.
Беласица е разиграна и тимот од Струмица кој го води Александар Стојанов има форма од три победи и две ремија или собрани 11 бодови од можни 15 бодови.
Во одлична серија на позитивни резултати е и Вардар Неготино, тим кој го предводи Горан Тодорчев, а кој е во подобра форма на последните мечеви дури и од водечките екипи Македонија ЃП, Башкими и Брегалница.
Екипата на Вардар Неготино има три победи, едно реми и еден пораз и успеа на последните пет меча да собере 10 бодови од можни 15 и со тоа стави печат на директен опстанок во Втора лига.
Каменица Саса е во ужасна форма со еден освоен бод од можни 15 или практично тимот до Македонска Каменица има едно реми и четири порази на домашен терен, но ако се анализира пролетната полусезона на „рударите“, тогаш статистиката е многу полоша.
Саса го обезбеди опстанокот, но тоа не значи дека тимот треба да се опушти и да нижи лоши резултати, пред се порази. Саса пролетниот дел го отвори со реми против Кожуф во Турново, во Радовиш го победи Детонит Плачковица со 1:2, а пак Брегалница ја декласираше во Турново со 4:0 и практично победата над Брегалница која беше на 1 март е последниот триумф за Саса.
„Рударите“ чекаат на победа речиси два месеци, а притоа во пролетниот дел Саса има две победи, три ремија и шест порази.
Во очајна форма е и тимот на Кожуф, кој на последните пет меча собра само два од можни 15 бодови, или учинок од две ремија и три порази, па ако се погледне пред Саса и Кожуф според формата од последните пет меча е и тимот на Вардарски.
- ТАБЕЛА ВО ВТОРАТА ЛИГА СПОРЕД ФОРМАТА ОД ПОСЛЕДНИТЕ 5 МЕЧА:
