Турнири

Во тек се пријавите за турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“ – најавен богат награден фонд!

Сподели
ФОТО: Турнир Враништа | АРХИВА
Сподели

Организациониот одбор на турнирот во мал фудбал „Враништа“ и оваа година ја продолжува традицијата со организирање на турнирот во мал фудбал по 31 пат насловен како „Пролетен турнир во мал фудбал Враништа 2025“.

Пријавите се во тек за истиот, а учеството односно котизацијата по екипа изнесува 4.000 денари. Екипите треба да бројат од 6 до 10 играчи, а ќе бидат делегирани фудбалски судии од Фудбалската федерација на Македониј (ФФМ).

Организаторот на турнирот најавува богат награден фонд, кој дополнително ќе биде објавен.

Извлекувањето на групите ќе се врши на 9 мај 2025 година во 20 часот, а на 10 мај 2025 година со почеток во 20 часот ќе биде означен почеток на турнирот.

Финалниот натпревар е предвиден да се одигра на 2. јуни (св. Талалеј).

Спортска Мрежа ја продолжува традицијата да биде медиумски покровител на овој спортски настан.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!