Втора лигаФудбал

Калпачки: Играме против најдобриот состав во лигата, целта на Брегалница е директен влез во Прва лига или бараж!

Сподели
Сподели

Денес во Штип се игра дербито на колото меѓу Брегалница и Македонија ЃП, а во рамки на 26. коло на Втората фудбалска лига.

Дерби на два екс прволигаши кои лани заедно испаднаа од Прва лига, а сега имаат цел за експресно враќање во Прва лига.

Капитенот на Брегалница, Давид Калпачки, кој е најдобар стрелец на „сините“ вели дека денес ќе играат против најдобриот состав во лигата, додава дека целта на Брегалница е едно од првите две места, евентуално трето место за да играат бараж за Прва лига.

„Играме можеби против најдобриот состав во лигата, тоа значи дека не очекува доста тежок, но и интересен натпревар. Се подготвуваме максимално, очекувам со мудра и паметна игра да ги оставиме трите бодови во Штип. Нашите амбиции се освојување на едно од првите две места, евентуално трето за да играме бараж за прва лига. Тоа мораме да го покажеме и на терен“, вели капитенот Калпачки.

Натпреварот се игра денес со почеток од 16 часот на Градскиот стадион во Штип.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!