Ракомет

Вардар го договори Французинот Махамаду Кеита

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Вардар официјално го претстави своето ново засилување за следната сезона – францускиот интернационалец Махамаду Кеита.

Искусниот 29-годишен ракометар, кој настапува на позицијата лево крило, доаѓа од шпанската АСОБАЛ лига каде моментално го носи дресот на Анхел Хименез. Кеита има богата меѓународна кариера, со настапи во три силни европски лиги – Франција, Португалија и Шпанија.

Најголемиот успех во кариерата го забележа во дресот на Бенфика, со која во 2022 година ја освои титулата во ЕХФ Лигата на Европа, победувајќи го Магдебург во големото финале. Покрај Бенфика, во својата кариера Кеита ги бранеше боите на француските екипи ЦСМ и Иври, како и на шпанските Логроњо Ла Риоха и Анхел Хименез.

Во сезоната 2022/23 како член на Логроњо, Кеита постигна импресивни 123 гола на 35 натпревари, а оваа сезона за Анхел Хименез веќе има 25 реализирани погодоци.

Со ова ангажирање, Вардар покажува јасна амбиција за создавање конкурентен тим за следната сезона, кој ќе атакува на домашната титула и успешен настап во Европа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!