Прва лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Воска Спорт се повлече од понатамошно натпреварување во Првата лига!

Сподели
ФОТО: ФК Воска Спорт
Сподели

Фудбалскиот клуб Воска Спорт од Охрид преку соопштение информираше дека се повлекува од понатамошно натпреварување во Првата македонска фудбалска лига.

Одлуката доаѓа по казната изречена од страна на Фудбалската федерација на Македонија, која му одзеде девет бодови на клубот поради напуштањето на теренот за време на натпреварот од претходното коло против Вардар во 76. минута при 1:1, по што мечот Вардар го доби со службени 0:3.

Од клубот истакнаа дека одлуката за повлекување е резултат на незадоволство од судиските одлуки во текот на сезоната, за кои тврдат дека биле на нивна штета.

Покрај одземените бодови, санкционирани се и претседателот Нефи Усеини и тренерот Клодиан Арбри, кои добија двегодишна суспензија во фудбалот, а клубот ќе треба да плати и парична казна во износ од 7.500 евра.

Едно е сигурно, а тоа е дека Воска Спорт оди во најнизок ранг на натпреварување во македонскиот фудбал по автоматизам.

Во продолжение целосното соооштение на ФК Воска Спорт:

СЕ ПОВЛЕКУВАМЕ ОД ПРВАТА ЛИГА, НА ФФМ Ѝ ГИ “ПОДАРУВАМЕ” И ПРЕОСТАНАТИТЕ 13 БОДОВИ!

„Фудбалскиот клуб Воска Спорт донесе одлука да се повлече од Првата лига.
Оваа одлука е резултат на ненадејната и неприфатлива одлука на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, која нѐ казни со одземање на 9 бодови, токму во најжешкиот момент од битката за опстанок, кога остануваат уште 5 кола до крајот на сезоната.

Последната одлука на ФФМ е врв на една серија еднострани и од интереси мотивирани одлуки, со единствена цел — нашиот неуспех и исфрлување од Првата лига.

Со оваа прилика, на ФФМ ѝ ги “подаруваме” и преостанатите 13 бодови. Ова веќе не е фер натпреварување. Ние не се боревме само против противниците на теренот, туку и против судиите, кои донесуваа одлуки без никаква логика на секој натпревар, како и против сите фактори кои имаа за цел нашето исфрлување од елитата.

Уште од почетокот на пролетниот дел од сезоната, бевме свесни дека постои јасна стратегија за да нѐ ослабат и избркаат од ова натпреварување. Ни беше приреден двоен аршин — за истите прекршоци, други клубови беа казнувани поблаго, додека за нас секогаш следеа најстроги санкции.

Фудбалската федерација на Македонија дејствуваше како институција која направи сѐ за да ги фаворизира клубовите што се поврзани со нивните тесни интереси.
Оваа последна одлука е само уште еден доказ дека во Првата лига организирана од ФФМ нема правда.

Ова раководство на ФФМ не дозволува фер натпреварување, иако јавно водат кампања за “фер-плеј”. Напротив, направија сѐ за да нѐ отстранат од ова натпреварување, при што изгледа дека единствената пречка беше тоа што сме албански клуб.

Ако ваков треба да биде фудбалот што тие го замислиле, тогаш ние не сме подготвени да бидеме негов дел“, се вели во сооптението на клубот од Охрид.

 

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!