Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе успешно ја започна новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки, со победа на првата трка што се одржа на 12 април 2025 година во Франција, каде што тој триумфираше во силна конкуренција.
Оваа трка традиционално го означува почетокот на сезоната и секогаш привлекува голем број врвни возачи. Иџе беше единствениот претставник од Македонија, а со одлично возење го освои првото место на трката.
По оваа победа, Стефановски се подготвува за следниот голем предизвик – престижната трка во Рехберг, Австрија, која ќе се одржи овој викенд. Станува збор за една од најстарите и најценети планински патеки во Европа, на која годинава ќе учествуваат 283 возачи од различни категории.
Во одлична натпреварувачка форма и со силна самодоверба, Иџе ќе ја претстави Македонија во најдобро светло, стремејќи се кон нови позитивни резултати и продолжување на победничката серија.
Виолета Јанчева, Спортска Мрежа