Трета лигаФудбал

Кои екипи испаѓаат од Трета лига – Север?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Во Трета лига – Север ќе биде навистина неизвесно околу тоа кои екипи ќе испаднат во Општинската лига или Четвртата лига по ранг на натпреварување.

Согласно пропозициите за натпреварување за Трета лига, согласно член 56 е дефинирано кои екипи испаѓаат од Трета лига во Општинската лига односно Четвртата лига.

(1)Бројот на екипите кои испаѓаат од Третите лиги зависи од бројот на екипите кои се натпреварувале во третите лиги во сезоната 2024/2025.

-во трета лига која брои до/и 12 екипи директно испаѓаат двете последно пласирани/ рангирани екипи на конечната или табелите од член 32а.

-во трета лига која брои до/и 14 екипи директно испаѓаат три последно пласирани/ рангирани екипи на конечната или табелите од член 32а табела.

(2)Екипите пласирани на последователно повисоките позиции од погоре наведените во став 1 на овој член редоследно испаѓаат во зависност од територијалната припадност на екипите кои испаѓаат од Вторите лиги и пласманот на првакот во повисок ранг.

(3)Екипите кои се откажале или се дисквалификувани од натпреварувањето можат да го зголемат бројот на екипите кои испаѓаат од Третите лиги.

Ова значи дека во Трета лига – Север ќе испаднат последните три екипи, односно тоа ќе бидат екипите рангирани на 14-тото, 13-тото и 12-тото место.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЗФК Шкендија Арачиново 77 21 19 1 1 81 4 +77 58
2 ФК ФОРТУНА 1975 21 12 3 6 52 27 +25 39
3 ФК Аеродром 2018 21 12 1 8 45 36 +9 37
4 ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД 21 11 3 7 47 36 +11 36
5 ЗГ ФК КУМАНОВО 21 8 5 8 42 39 +3 29
6 ФК БВК КОЊАРЕ 21 8 4 9 49 50 -1 28
7 ФК РЖАНИЧИНО 21 8 4 9 36 46 -10 28
8 ФК БЕСА с.Слупчане 21 9 0 12 50 59 -9 27
9 ФК КАДИНО 21 8 1 12 33 49 -16 25
10 ФК РИНИА 98 21 8 1 12 34 58 -24 25
11 ФК ПЧИЊА 2015 21 7 3 11 30 34 -4 24
12 ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН 21 6 6 9 32 45 -13 24
13 ФК Академија Илинден 21 6 3 12 22 61 -39 21
14 ФК ЊУ СТАРС(-3) 21 6 3 12 35 44 -9 18

Во најтешка ситуација за опстанок е екипата на Њу Старс, а неизвесна завршница од сезоната кога е во прашање опстанокот ги очекува повеќе екипи како Академија Илинден, Башкими Љуботен, новајлијата Пчиња, Риниа, некогашниот второлигаш Кадино, Беса од Слупчане.


Табелата во долниот дел е многу израмнета со една победа екипата може да биде надвор од зоната за испаѓање, а пак со пораз може да заврши во зоната за директно испаѓање.

До крајот од сезоната во Трета лига – Север има уште пет кола или во игра се 15 бодови, па математички многу комбинации се во прашање и засега сите екипи се во игра за директен опстанок, односно математички се’ уште нема испаднато екипи во Општинската лига.

  • РЕЗУЛТАТИ ОД 21. КОЛО НА ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:
Коло Датум/време Место Натпревар Резултат
21 23.04.2025 16:00 с.Кадино-Скопје ФК КАДИНО – ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН 1:0
21 23.04.2025 16:00 с.Пчиња, Куманово ФК ПЧИЊА 2015 – ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД 0:2
21 23.04.2025 16:00 С. Доброшане ЗГ ФК КУМАНОВО – ФК РИНИА 98 0:1
21 23.04.2025 16:00 Скопје ЗФК Шкендија Арачиново 77 – ФК ФОРТУНА 1975 2:0
21 23.04.2025 16:00 Гази Баба ФК БВК КОЊАРЕ – ФК БЕСА с.Слупчане 4:2
21 23.04.2025 16:00 Скопје ФК Аеродром 2018 – ФК РЖАНИЧИНО 5:1
21 23.04.2025 16:00 Скопје ФК ЊУ СТАРС – ФК Академија Илинден 3:0

Во недела ќе се одиграат натпреварите од 22. коло на Третата македонска фудбалска лига – Север, а тоа ќе значи дека борбата за опстанок во Трета лига – Север продолжува, со оглед дека на пет кола до крајот Шкендија Арачиново стана шампион и ќе игра бараж за можен влез во Втора лига.

  • НАЈАВА НА 22. КОЛО ВО ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:
Коло Датум/време Место Натпревар Резултат
22 27.04.2025 16:00 н.Бутел, Скопје ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН – ФК ЊУ СТАРС -:-
22 27.04.2025 16:00 с.Кадино-Скопје ФК Академија Илинден – ФК Аеродром 2018 -:-
22 26.04.2025 16:00 Скопје ФК РЖАНИЧИНО – ФК БВК КОЊАРЕ -:-
22 27.04.2025 16:00 С. Доброшане ФК БЕСА с.Слупчане – ЗФК Шкендија Арачиново 77 -:-
22 27.04.2025 16:00 Скопје ФК ФОРТУНА 1975 – ЗГ ФК КУМАНОВО -:-
22 27.04.2025 16:00 Скопје ФК РИНИА 98 – ФК ПЧИЊА 2015 -:-
22 27.04.2025 16:00 Горно Лисиче ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД – ФК КАДИНО -:-


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и со неверојатна реализација се најде во центарот на вниманието во второто...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но дел од нив мораа добро да се испотат за да стигнат...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!