Трета лигаФудбал

Џемаили предводи, Берзати и Саљиу дишат во врат: Возбудлива трка за голгетерската круна во Трета лига – Запад

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс | АРХИВА
Сподели

По 20 одиграни натпревари во Третата македонска фудбалска лига – Запад, трката за најдобар стрелец станува сè поинтересна. На врвот на листата се наоѓа Хузри Џемаили од Дрита (Боговиње) со 19 постигнати голови, но конкуренцијата не заостанува многу.

Со еден гол помалку, Арлинд Берзати од Камјани е втор со 18 погодоци, додека третата позиција ја држи напаѓачот на лидерот Тетекс, Ментор Саљиу, кој досега се има запишано 17 пати во листата на стрелци.

Во чекор ги следат Ерјон Елмази од Тетекс и Бетим Етеми од Доброшти со по 14 погодоци, а веднаш зад нив е Албулен Имери од Влазерими со 13.

До крајот на сезоната не очекува вистинска драма – секој гол може да биде пресуден за тоа кој ќе ја понесе титулата најдобар стрелец во лигата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и со неверојатна реализација се најде во центарот на вниманието во второто...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но дел од нив мораа добро да се испотат за да стигнат...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!