Младински фудбалФудбал

ФОТО: Фудбалерите на Брера се подготвени за утрешниот меч во младинската Лига на шампион против Сараево од БиХ

Сподели
Сподели

Фудбалерите на Брера Струмциа максимално подготвени за утрешниот натпревар во младинската Лига на шампион против Сараево од Босна и Херцеговина.

Денес беше последен тренинг за младите фудбалери на Брера Струмица пред утрешното соочување.

Стратегот Ѓорѓе Стојчев вели дека максимално е подготвена екипата за утрешниот натпревар кој ги очекува во младинската Лига на шампионо против Сараево од БиХ.

„Максимално сме подготвени за утрешниот натпревар што не очекува во младинската Лига на шампиони против Сараево. Се подготвувавме подолг период за оваа што не очекува, играчите се подготвени, се приклучија денес играчите од сениорскиот состав и со нетрпение го очекуваме натпреварот што треба да се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица“, рече Стојчев.

Брера Струмица поставува здрави темели во клубот односно во младинските категории, за што во многу разговори и со координаторот на младинските школи, Борче Постолов сме дискутирале, Брера Струмица има долгорочен план за работа со младите категории за што потврда се овие резултати.

Стратегот на струмичани додава дека Сараево е сериозен противник, но вели дека со добра игра може да се радуваат на позитивен резултат.

„Екипата на Сараево е доста сериозен противник доминира подолги години во младинскиот фудбал во Босна и Херцеговина, се познаваме многу добро од турнирите што ги играме на Балканот каде што учествуваме со нашите младински екипи. Квалитетот е изедначен имаат неколку играчи што играат во сениорскиот тим. Ако одиграме добро имаме шанси да се радуваме на позитивен резултат утре во Струмица“, додаде Стојчев.

Натпреварот се игра утре, вторник на „Благој Истатов“ во Струмица од 15 часот, а реваншот во БиХ е закажан за 2. октомври. Доколку струмичани го поминат првиот филтер во втората фаза ќе се соочат со Трабзонспорт.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Убедливи победи и реми на отворањето на Меморијалниот турнир „Влатко Петров 2026“

Со четири интересни натпревари вечерва започна овогодинешното издание на Меморијалниот турнир „Влатко Петров 2026“, кое и оваа година собра голем број квалитетни екипи...

Турнири

ФОТО: Оливер Промет и Стиф Компани победнички отворија на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“

Вечерва стартуваше турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“ со првите два воведни мечеви. Одлична атмосфера и два фантастични мечеви за старт на 10....

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Силекс по драматична пенал-серија остана без место во второто коло на Конференциската лига

Силекс ја заврши европската авантура уште во првото квалификациско коло од Конференциската...

Втора лигаФудбал

Пелистер в сабота го игра првиот контролен меч против грчкиот второлигашот Панионис

Македонскиот второлигаш Пелистер в сабота ќе го одигра првиот контролен натпревар против...

ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Шкендија со две победи и без примен гол чекори кон следниот европски предизвик против Браво

Шкендија успешно ја заврши својата задача во првото квалификациско коло од Конференциската...

Втора лигаФудбал

Спортска Мрежа најави, Охрид потврди: Дамјан Масевски ново засилување

Второлигашот Охрид го потврди трансферот на Дамјан Масевски, трансфер кој ексклузивно го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!