Фортуна со убедливи 6:0 го доби Њу Старс на домашен терен во меч од 18. коло на Трета лига – Север, откако Буши беше двоен стрелец, а во првиот гол погодоија и Синани и Реџепи, а во вториот дел погодија Ибрахими и Исмаили.
Лото победа за лидерот Шкендија Арачиново од 1:7 над Кадино, каде Дарио Десниќ и Бујар Иљази беа стрелци на по три гола, а еден гол постигна и голманот Бурхан Мустафа, за домашниот тим стрелец беше Зоран Тасески од пенал, а Љупчо Трпески од Шкендија Арачиново доби директен црвен картон.
Башкими Љуботен со 2:1 славеше на домашен терен над Ржаничино со погодоци на Јашари и Омсани, а пак за гостинот погоди Мицевски.
Важна и голема победа за Пчиња од 4:0 над ланскиот шампион Куманово. На полувреме домаќинот имаше еден гол предност со погодокот на Благојевски, а во вториот дел стрелаа Блажевски, Пешевски и Стојановски.
Фетаи носи три бода за Беса од Слупчане над Академија Илинден откако погоди двапати, а еднаш погоди Илази. За гостинот Камчев и Рустеми беа стрелци.
Риниа забележа домашна победа над Аеродром со 2:1, каде Имери и Јусуфи беа стрелци за победа преку пресврт во вториот дел, а пак за гостинот стрелец беше Каланоски во првиот дел.
Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ со „петарда“ го доби мечот со БВК Коњаре (5:0). Бакијов погоди во првиот дел ,а во вториот дел Јаневски, Малов, Пеев и Митров беа стрелци.