ФудбалФудбалска репрезентација

Раководството на ФФМ на 49. Конгрес на УЕФА во Белград

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во Белград се одржа 49. Конгрес на Европската фудбалска Асоцијација, УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја претставуваа претседателот Масар Омерагиќ, генералниот сектретар, Леонид Јандреоски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу.

ФОТО: ФФМ

Конгресот на УЕФА ги собра челниците на европскиот и светскиот фудбал, многу гости од светот на фудбалот и од различни сфери на општественото живеење.

Во Белград, првите луѓе на европскиот фудбал разговараа за иднината на европскиот и светскиот фудбал. Во својот говор, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, истакна зошто основните вредности на европскиот фудбал – единство, солидарност и тимска работа – се поважни од кога било во се поделениот свет.

ФОТО: ФФМ

„Ние сме обединет тим. Обединета сила и моќен сојуз. Европскиот фудбал мора да продолжи да биде модел на единство во сè поделениот свет.

Денеска стоиме овде заедно не затоа што сме исти, туку затоа што ја делиме истата страст за фудбалот. Ние не сме само љубители на играта, туку тука сме како луѓе кои се одговорни за иднината на фудбалот, кој е огледало на општеството. Зад нас е брилијантното ЕУРО 2024, кое беше фестивал на заедништво, натпреварувачки дух и радост.

Политиката може да гради ѕидови, но фудбалот гради мостови. Каде и да се свртиме денес, гледаме поделби. Кога го слушаме тоа секој ден, лесно е да поверуваме. Но, оваа поделба е илузија, тактика што ја користат оние кои сакаат да не поделат, за политичка или финансиска корист. Но, на таквите луѓе одговараме со еден глас. Европскиот фудбал мора да остане модел на заедништво, така и ќе остане. Ние почитуваме, градиме, поттикнуваме, поврзуваме, тоа е нашата мисија на која сме посветени.

Сакам да им се заблагодарам на сите национални асоцијации бидејќи вие сте столбот на европскиот фудбал. Фудбалот не ветува совршен свет, но ни покажува што е можно кога играме еден за друг.“

ФОТО: ФФМ

На Конгресот во Белград гостин беше и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„Секогаш ми е чест да зборувам на Конгресот на УЕФА, каде што работев долги години и се обидувам да го применам она што го научив од успешниот европски фудбал. Денеска би сакал да се фокусирам на три теми. Првата е заедништвото, бидејќи фудбалот ги обединува луѓето. Секогаш треба да го користиме фудбалот за да ги обединиме луѓето и нациите, особено во денешниот свет. На домаќинот Швајцарија му посакувам успешно женско Европско првенство, како и на УЕФА и на сите учесници. Мора да се стремиме да инвестираме уште повеќе во женскиот фудбал, ова треба да биде ваш и наш приоритет“, нагласи Џани Инфантино.

На 49. Конгрес беше избран составот на новиот Извршен одбор на УЕФА и беа усвоенифинансиските извештаи, како и ревизорскиот извештај за финансиската 2023/24 година и прифатениот финансиски план за финансиската 2025/26 година.

ФОТО: ФФМ

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Нови задачи за македонските судии во Таранто: Ристов, Соклевска Илиевски и Цветановиќ на Италија – Алжир

Продолжуваат ангажманите на македонските фудбалски судии на Медитеранските игри во Таранто, Италија, каде и денес нашите арбитри ќе бидат дел од меѓународните натпревари....

Кошарка

Старделов останува помошник тренер на КК Кожув, но ќе има и нова задача

Живко Старделов и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на КК Кожув. 24-годишниот тренер ќе ја продолжи својата работа како...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Нови задачи за македонските судии во Таранто: Ристов, Соклевска Илиевски и Цветановиќ на Италија – Алжир

Продолжуваат ангажманите на македонските фудбалски судии на Медитеранските игри во Таранто, Италија,...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Ораовица вечерва во знакот на женскиот фудбал: Околу 40 девојки играа под рефлектори

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!