Младински фудбалФудбал

ФОТО: Брера Струмица е единствениот тим кој со три генерации обезбеди полуфинале во Купот на Македонија!

Сподели
Сподели

Оваа недела се одиграа четвртфиналињата од Купот на Македонија за млади категории. Екипата на Брера Струмица е единствената екипа која се пласираше со три генерации во полуфиналето.

 

Младинците во четвртфинале беа подобри од екипата на Македонија ЃП со минимален резултат од 1:0, благодарение на голот на Давид Ристовски.

Кадетите на Брера Струмица, исто така обезбедија полуфинале, откако во четвртфиналето струмичани беа подобри од Пелистер со минимални 1:0, а стрелец на победничкиот гол вреден полуфинале беше Флориан Рочи.



Пионерите обезбедија исто така полуфинале, откако во четвртфиналето Брера Струмица славеше против Вардар со резултат од 2:0, а стрелци беа Лука Варашаноски и Филип Кулески.

„Мораме да напоменеме дека Брера Струмица се закити и со две Куп титули со генерации 2008 и 2007 каде што бевме подобри од екипата на Пелистер и заслужено ги донесовме пехарите во Струмица“, за Спортска Мрежа истакна Борче Постолов, координатор на младинската школа на Брера Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!