Останато

Струмица убедливо слави против Борец и закажа финале со Штип УГД – реприза на ланското Куп финале!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

СПОРТСКА МРЕЖА ОД СРЦ „25 МАЈ“ – РАДОВИШ

Струмица не виде воопшто мака и со 3-0 (25:13, 25:18 25:18) го доби Борец и се чекираше во големото финале каде струмичани одново ќе се соочат со Штип УГД, со што ќе имаме реприза на ланското финале, сега струмица желна за одмазда и враќање на Куп титулата во своите редови, откако минатата сезона беше запрена струмичката доминација, а штипјани ја освоија првата историска Куп титула.

Вториот полуфинале меч започна одлично за Струмица која во првиот моменти имаше кратко неизвесност и поен за поен, по што екипата на Струмица направи резултатска предност од 10:4 и со тоа одлепи во однос на противникот Борец од Велес.

Вкавиот резултат го натера теренот на Борец да повика тајм-аут, со цел додека се’ уште има време да се поправи и да се биде во резултатски егал, што е навистина тешко против противник каков што е Струмица. Ниту после тајм-аутот не се подобри Борец, а Струмица воопшто не гледаше мака да собира поени и да прави разлика за брзо да го добие мечот, откако веднаш после тоа струмичани влегоа во низа за 15:6.

До крајот на сетот Струмица не виде мака и истиот го доби со 25:13 за 1-0 во сетови.

Вториот сет струмичани одлично го отворија со серија од 3:0, а потоа Борец намали на 3:1, но веднаш врати Струмица на 4:1. Ланскиот финалист дојде и до 6:1 водство, а потоа Борец со поен намали на 6:2.

Борец направи нова сервис грешка со што противникот дојде до предност од 9:4, па во такви околности струмичани лесно ја зголемуваа разликата и веднаш имаа плус шест за 10:4 со што Борец побра тајм-аут.

Во вториот сет Борец беше во целост инфериорен откако Струмица имаа 14:5, по што одново велешани бараа тајм-аут. Во продолжението од мечот Борец освои три поени во низа и дојде до 24:18, а потоа струмичани го добија сетот со 25:18.

Во третиот сет Борец прв го отвори резултатот за 0:2 во поени. Следуваше и пресврт на резултатот и водство на Струмица од 5:4. Во продолжението од мечот Струмица сосема очекувано градеше разлика и дојде до 19:15. На крај сетот Струмица го доби со 25:18.

Големото финале во машка конкуренција се игра во сабота со почеток од 19 часот меѓу Струмица и Штип УГД.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!