Младински фудбалФудбал

Во недела свечено отварање на ФК Интер Кукла од Куклиш, струмичко

Сподели
Сподели

Во недела (6 април) со почеток од 10 часот на стадионот во Куклиш, струмичко и официјално ќе биде одбележан почетокот на работата на новиот клуб.

На официјалното отварање на клубот ќе следува претставување на ФК Интер Кукла и тимот, ќе има обраќање на основачите на клубот, промотивни натпревар, секако дружење и прослава.

За поздравување е фактот што после неколку години пауза се врати фудбалот во Куклиш, теренот во ова населено место кој беше во целост запустен е вратен во функција со целосно санирање на теренот, соблекувалните и просторот околу самиот терен со што се створени услови за тренирање и одигрување на натпревари.

ФОТО: Каков беше терен и соблекувалните во минатото, како изгледа сега

Сите дечиња кои се заинтересирани може да се приклучат на клубот и да започнат со тренирање на фудбал.

Клубот исто така размислува и за пријавување на учество и во сениорска конкуренција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!