Останато

Полуфиналистите едногласни: Штип УГД е фаворит, но треба да потврди на терен!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Двата полуфинални дуели во машка конкуренција се први на програмата на финалниот турнир од Купот на ОФМ 2025, кој од утре до сабота ќе се одржи во спортската сала „25. Мај“ во Радовиш.

Бранителот на трофејот Штип УГД во првото полуфинале од 16 часот ќе се соочи со Работнички 71&22. Штипскиот клуб важи и за прв фаворит за Купот, што за него истовремено е и обврска и предизвик.

„Како бранител на Купот, обврската е голема, а истовремено тоа е и предизвик за нас. Бевме константни цела сезона, регуларниот дел од првенството го завршивме на првото место на табелата што сметам дека е доволна потврда за квалитетот кој го имаме. Купот на ОФМ секогаш носи возбудувања и неизвесни натпревари, не очекувам ништо помалку и во ова издание. Противниците ни се добро познати, неколкупати сме се соочиле сезонава и ги правиме последните анализи и финеси на тактиката. Подготвени сме и ќе дадеме сè од себе за да се најдеме во финалето и да го одбраниме трофејот. Посакувам да бидеме сведоци на уште еден одбојкарски спектакл, каде што на крај победник пред сè ќе биде одбојката“, потенцира стартегот на Штип УГД, Кристијан Ристески.

Работнички 71&22 ќе ја има улогата на предизвикувач во полуфиналето со Штип УГД, а искусниот предводник на екипата, Александар Тасевски, е дециден дека противникот е апсолутен фаворит.

„Резултатите покажуваат дека Штип УГД е најкомплетна и најдобра екипа во моментов во првенството и со тоа нашиот противник е и фаворит. Не верувам многу дека Купот е натпреварување во кое сè е можно! Квалитет е квалитет и тој секогаш доаѓа во прв план. Ние имаме и пех, повреда на еден од Грузијците, на последниот првенствен натпревар, што ни прави дополнителни проблеми. Секако дека нема да излеземе со ‘бело знаме’ и дека ќе се потрудиме да парираме и да пружиме отпор, но колку ќе успееме во тоа ќе видиме утре на терен“, заклучува Тасевски.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Струмица 47&72 и Борец. Струмичани се вториот најсериозен кандидат за куп-пехарот, но велешкиот состав најавува дека ќе ги бара своите шанси.

„Атмосферата е одлична и покрај тенкиот ростер поради големиот број на повреди кои ни создаваат главоболки сезонава. Последен на листата е второто либеро Коцев, на кој нема да може да сметаме. Костурот на екипата го имаме, додека клупата ќе ја надополниме од младинскиот погон. Правиме комбинации во составот, но нема барање алиби и нема предавање. Купот е натпреварување во кое нема правила и нема фаворити. Ние најдобро го знаеме тоа, лани Струмица беше фаворит, но Штип го освои Купот. Прва пречка ни е Борец – добар тим, но не очекувам проблеми со оглед на резултатите од меѓусебните дуели сезонава. Годинава Штип е фаворит, но нема предавање“, вели Атанас Милев, кој ќе го предводи тимот на Струмица во завршницата на сезоната.

„Струмица е фаворит на хартија во полуфиналето, додека ние влегуваме растоварено. Кај нив секако дека има и притисок, додека ние немаме што да загубиме. Купот е еден натпревар, нема поправен, ќе одлучува моменталната инспирација. Ќе се потрудиме да одиграме добар меч и доколку ни се отвори шанса да ја искористиме и да го повториме успехот од пред две години кога игравме во финалето на Купот. Според мене Штип е главен фаворит, но нема да ја исклучам ниту Струмица, која има долгогодишно искуство во вакви натпревари за трофеи за разлика од другите екипи, секако доколку не приредиме ние некое изненадување“, оптимистички размислува тренерот на Борец, Петре Жабев.

Победниците од полуфиналните дуели в сабота, од 19 часот ќе се соочат во финалето во Купот на ОФМ 2025.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи со турскиот претставник Спор Тото, откако денеска во Виена беше извлечена...

Останати репрезентацииРепрезентација

Митевска и Алексовски со убедливи победи до третото коло на ЕП до 16 години!

Сара Митевска и Марко Алексовски забележаа убедливи победи и обезбедија пласман во третото коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа испушти водство и загуби од Зајцева во три сета на турнирот во Анкара

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

Останато

ЦЕВ ги потврди термините: Штип УГД на 21 октомври го има дебито во Лигата на шампионите!

Македонскиот претставник Штип УГД на 21 октомври ќе го има своето деби...

Останато

„Чајка“ слави 50 години – Меморијалот прераснува во Суперкуп на Македонија!

Еден од најстарите и најконтинуираните спортски настани во Македонија, но и еден...

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!