Ракомет

Охрид со победа ја започна плеј-оф фазата, славејќи над ,,незгодниот’’ Бутел на гостински терен

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Во натпревар од првото коло од плеј-оф фазата од ракометната Суперлига, Охрид славеше над Бутел на гостински терен со резултат 20:22. Иако на полувреме, охриѓани имаа позитива од 8 гола- 19:11, сепак незгодиниот Бутел се врати во игра во последните минути од натпреварот, но тоа не беше доволно за бод или целосен пресврт, па така избраниците на Стевче Алушовски стигнаа до бодовите.

Домаќинот поведе со 1:2, но потоа охриѓани погодија неколку пати за 2:5. Понатаму, ракометарите на Охрид го диктираа темпото, играа подобро и ја стигнаа најголемата предност во прво полувреме- 7:13. До крајот на првиот дел, Бутел погоди уште еднаш, па така резултатот на полувреме гласеше 8:13 во полза на гостите од Охрид.

На почетокот на второто полувреме, охриѓани стигнаа и до седум разлика, меѓутоа избранците на Кузманоски се разбудија и ја преполовија негативата со серија од 4:0. Заиграа подобра одбрана, подобар напад и делуваа посигурно, па така до крајот на натпреварот се доближија и до само гол негатива и беа во игра за бод, но сепак Охрид ја преживеа ,,драмата’’ и славеше со 20:22.
Најдобри во таборот на охриѓани беа Цирар со седум гола, како и Ловро Јотиќ со шест. Кај екипата на Бутел, пак, со по четири гола се издвоија Ѓеоргиевски и Милошески.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!