Ракомет

Радовиш со пораз од Куманово го започна плеј-аутот, радовишани мораат да победуваат ако сакаат опстанок!

Сподели
Сподели

Радовиш со пораз го започна плеј-аутот откако во првото коло загуби од Куманово во гости преку пресврт со 24:19, со што бодовите останаа во Куманово, а радовишани предводени од Игор Котевски ќе имаат неизвесна пролет за опстанок.

Во првиот дел од мечот се водеше егал борба и неизведна борба на теренот, со гол за гол, но радовишани имаа 10:12 на полувреме.

Куманово отвори одлично во вториот дел голманот Христијан Михајловски ја спушти ролетната во клучни моменти, а радовишани не можеа да ја стресат истата. Домашниот тим кој имаше серија од 8-0 дојде до предност од 18:12, а „заспадниот“ Радовиш не успеа да се врати, откако дојде само до 18:14.

Во финишот од мечот искусниот голман Славјан Паунов со клучни одбрани му даде шанса на Радовиш да се врати во резултатска игра, но сепак домашниот тим не дозволи изненадување и го реши мечот.

Давид Димевски со 14 погодоци беше најдобар кај Кунаново, кај радовишани најпреизен беше Ивица Илиев со пет гола. Радовиш мора да победува и мора да собира бодови, бидејќи е единствениот тимот кој не пренесе бодови, започна со пораз, а се склопуваше тим за опстанок. Пред радовишани ќе биде сериозен тест за тоа дали тимот е спремен за опстанок и дали ќе треба да се прави некој „ремонт“ додека има време, доколку „возот замине“ тогаш џабе ќе биде и „ремонтот“, па успехот од минатата сезона и експресното враќање ќе биде заменето со експресно испаѓање во Прва лига, а Радовиш тоа не го заслужува.

Во слендото коло Радовиш ќе гостува кај Борец Ф.Л. во Велес, додека пак Куманово ќе оди кај Струга.

 

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!