Трета лигаФудбал

Балоски со два гола носи победа за Караорман, лидерот Преспа со „петарда“, Славеј Мешеишта не признава фаворити!

Сподели
Сподели

Лидерот Преспа со „петарда“ го декласираше Демир Хисар, откако на Градскиот стадион во Ресен, екипата на Преспа со 5:0 беше пресилна, а во рамки на 13. коло на Трета лига – Југозапад.

Двојни стрелци за Преспа беа Нико Пласиновски и Неџми Реџепи, а еден гол постигна и Ергим Дафто во 87. минута за печат на убедливата победа.

Славеј не признава фаворити, а денес на домашниот терен во Мешеишта со 2:0 го совлада фаворитот Кораб од Дебар. Стефан Бушиновски во 26. минута го отвори резултатот, а пак Димитар Аќимовиќ во 70. минута ги постави конечните 2:0 за големи три бодови на тимот на Славеј.

Велешта и Кравари ги поделија бодовите откако двете екипи ремизираа играјќи 1:1. Двата гола беа постигнати на почетокот од мечот, по што резултатот потоа „замрзна“. Мартин Селјанковски во 13. минута погоди за 0:1, а пак Елмаз Шеи две минути подоцна постигна гол за конечни 1:1.


Караорман преку двата гола на Ненад Балоски постигнати во првиот дел од мечот триумфираше над Света Троица од Охрид со 2:0.

Во натпревари со седум погодоци екипата на Евротип беше подобра со 4:3 против Влазними од Струга. Домашниот тим до победата дојде преку пресврт откако на полувреме имаше 1:2.


Двојни стрелци за домашниот тим беа Иванчо Јовановски и Стефан Бончаноски, а пак за гостинот двапати погоди Сундим Фејза, а еден гол постигна Рејхан Џелеши.

Во рамки на оваа рудна слободна беше екипата на Сатеска од Волино.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени во составот пред вечерашниот дуел со Естонија, втор за нашата селекција...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!