Трета лигаФудбал

ФОТО: Светлост Зрновци ја доби Тиверија, Карбинци со голема победа, Слога Виница го доби дербито со Брегалница Делчево!

Сподели
ФОТО: Слога Виница - Брегалница Делчево
Сподели

Во рамки на 12. коло екипата на Слога Виница го доби дербито со Брегалница од Делчево со резултат од 2:0. Противникот „скапо си ја продаде кожата“ во Виница, Брегалница беше борбена и сакаше да направи изненадување против фаворитот, но сепак трите бодови останаа во Виница.

Нови засилувања на Слога Виница беа тие кои ја обезбедија победата, откако Филип Петковски во 42. минута погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Дарко Стојанов постигна гол за конечните 2:0.

Слога Виница со овој триумф има 13 бодови залиха во однос на второто место и со тоа веќе ја обезбедува шампионската титула и баражот за Втора лига.

ФОТО: Слога Виница – Брегалница Делчево

Ударник преку пресврт одново загуби овој пат на домашен терен од Малеш со резултат од 1:2. Само десет минути игра беше потребно за Александар Тенекеџиев да постигна гол за 1:0. Но, радоста на домашниот тим не траеше долго, откако Виктор Андреевски постигна гол во 29. минута за 1:1.

ФОТО: Победничка фотографија на Малеш по триумфот над Ударник во Пирава

Во второто полувреме Илија Бојчовски постигна погодок за пресврт од 1:2, а воедно резултат од 58. минута стана и конечен за победа на Малеш.

Трите бодови останаа во Зрновци откако Светлост со 3:2 славеше триумф над Тиверија која продолжува да нижи порази и со тоа останува на дното од табелата во Трета лига – Исток.


Гостинот од Струмица преку Христијан Тимов во 7. минута дојде до предност од 0:1, но по две минути Стефан Стефановски израмни на 1:1, а до крајот на првиот дел Драган Гаврилов погоди за 2:1 на полувреме.

Во второто полувреме Илија Шуманов беше прецизен за водство на Светлост од 3:1, а во 80. минута Тимов со втор гол ги постави конечните 3:2.

ФОТО: Хоризонт Турново – Карбинци

Карбинци забележа голема победа над Хоризонт Турново на гостински терен од 0:4 во меч каде домаќинот од 83. минута играше со играч помалку на теренот, откако Христијан Јакимов заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра.

Гостинот преку Никола Илиевски по само пет минути го отвори резултатот за водство од 0:1, а во 43. минута Саше Соколов од пенал погоди за 0:2 на полувреме. Во финишот на мечот Карбинци ја искористи предноста со играч повеќе на теренот и во 85. минута преку Христијан Крстов дојде до 0:3, а пак во 90. минута преку Тоше Спиридонов дојде до конечните 0:4.


Дојранско Езеро забележа минимална победа од 1:0 над Овче Поле на домашен терен со голот на Митко Цонев постигнат во 15. минута од натпреварот.

Слога Виница е водечка со 33 бодови на своето конто 13 бодови повеќе од Овче Поле кој е втор и Брегалница која е трета со по 20 бодови. На дното останува Тиверија со шест бодови и Ударник кој е претпоследен со седум бодови.


Во следните денови ќе имаме комплетна анализа на Трета лига – Исток со преглед на табелата на Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Четири фудбалери ќе го прескокнат утрешното 19. коло во Втора лига

Утре се играат натпреварите од 19. коло во Втората македонска фудбалска лига, а четворица фудбалери ќе ги пропуштат своите настапи поради акумулирани пет...

Останато

Кавадарци ги избра најдобрите: Данка Стојкова спортист на годината за 2025

Во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци се одржа традиционалната манифестација за прогласување на најуспешните спортисти за 2025 година, на која...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Четири фудбалери ќе го прескокнат утрешното 19. коло во Втора лига

Утре се играат натпреварите од 19. коло во Втората македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Вардар Неготино најави јавен собир: Ќе ги отвориме картите пред Винари и јавноста

Откако верната навивачка група „Винари“ излезе со соопштение во кое побараа преземање...

Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига?

Само две промени направи 18. коло на табелата во Втора лига, но...

Трета лигаФудбал

Пробиштип останува без фудбал – Рудар нема да продолжи во Трета лига – Исток?

Пробиштип останува без сениорски фудбал, ФК Рудар нема да продолжи со натпреварување...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!